„ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже сериозност во работната група којашто треба да договори решенија за критичните области посочени од европската експертска група на Рајнхард Прибе.

сдсм седисте

Непотребни се манипулативни изјави како денешната на Никола Тодоров.

Јавноста беше запознаена со ставот на СДСМ дека опозицијата нема да учествува во какви било работни групи, додека не биде постигнат политички договор.

Откако тоа се случи, тие кои два пати откажаа состанок на работната група беа од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да го почитуваат потпишаниот договор од 2 јуни / 15 јули“, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини