Erdogan

Според информации на весникот, во градот Александрополис пристигнале двојка академици, со двете деца, кои бараат азил во Грција од наводно гонење во Турција. Се претпоставува дека тие влегле во земјата, поминувајќи ја реката Еврос со брод. Четворицата се турски државјани, но само пасошот на мажот е валиден.

На островот Родос грчките власти испитуваат како пристигнале тројца турски бизнисмени, кои исто така бараат азил. Само еден од тројцата е со валиден пасош.

И двете групи турски државјани ќе бидат изведени пред обвинител и најверојатно ќе бидат обвинети за илегално влегување во Грција, пишува „Катимерини”.

Турските граѓани имаат намера да поднесат барања за азил во Грција, откако истото го направија осум турски војници, кои избегаа од Турција непосредно по обидот за преврат на 15 јули, наведува весникот./МИА

Слични содржини