Иако се бројат деновите од ултиматумот на Шарената револуција, има уште само 3 дена до исполнувањето на условот.Уставниот суд  и натаму калкулира, чека пас од Груевски ,  за  произнесувањето  за иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. Ова е битна одлука  на изјаснување на уставниот,  за да се елиминира и таа сопка и да се  ослободи од работење под  притисок  СЈО , за да се  пушти пат за законско  расчистување на  доказите за криминал и корупција во власта

грујо прст

Сепак, на дневниот ред на денешната  седница на Судот, иако се шпекулираше , ја нема оваа точка . Од уставен велат дека “Предметот  е доделен на судија – известител и тој си го работи како и секој друг предмет. Нема најави дека денеска  би  имало  изненадувања пред седницата. Но, во четврток веќе ќе го имаме на маса дневниот ред за седницата за идната среда. Но пак не можеме да кажеме овде во стручните служби дали иницијативата за Специјалното обвинителство ќе биде пријавена  во четврток“, велат во Уставниот суд.

Неофицијално, според СДК,  судија – известител за овој предмет е Јован Јосифовски. Процедурата е откако ќе го добие предметот во надлежност, тој да побара мислење од Владата како предлагач на Законот за Специјално обвинителство и мислење од Собранието, кое го изгласа. По овој закон за кој гласаа речиси сите пратеници,   беше основано, Специјалното обвинителство  со специјалната обвинителка Катица Јанева и 12 избрани обвинители  кои веднаш почна со работа, отворајќи 5 крупни истраги  за тежок криминал во власта и десетици други предистражни постапки.

Не е исклучено под притисок на закажаната седница  за расправа на кризата во  Македонија пред  Советот на ЕУ, како и меѓународниот притисок , се тоа со уставноста на СЈО  да се спакува во пакет со договорот за лидерска средба. Многу извесно  е и на  истата прв договор да биде елиминацијата на притисоците и блокадите на СЈО,  и во кој пакет Уставниот  суд  под итно да си го сработи својот дел од обврските кон  пржинскиот договор.

Слични содржини