Настојувајќи снимките да се сочуваат засекогаш и врз темел на нив да се направат точни компјутерски симулации, Американците објавија 120 нови снимки од нуклеарните тестирања кои до неодамна беа под ознака за тајност.

Од 1945-та до 1960-та година, Соединетите Американски Држави извеле 210 атмосферски нуклеарни тестирања. Научниците кои што работеле на тие тестирања снимиле околу 10 илјади видео снимки направени од најразлични кадри.

Експертите сега започнале да ги бараат тие видео снимки и ги објавуваат на YouTube со намера да може да ги види секој и да останат тука за идните генерации. Покрај тоа, научниците ги користат овие снимки за да направат што е можно попрецизни симулации на нуклеарните експлозии.

Само во последниот „бран“, објавени се 120 видео снимки од кои што е симната ознаката за тајност.

Инаку, Соединетите Американски Држави немаат изведено ниту еден нуклеарен тест од 1992-ра година. Од тогаш па натаму тие користат напредни компјутерски симулации за пресметка на разорноста на новите технологии во вооружувањето на американската армија.

Сепак, компјутерските симулации се добри онолку колку што се добри податоците врз кои што се базираат, па затоа за научниците овие видео снимки од старите нуклеарни тестирања се од голема важност.

Слични содржини