pavijan

На 10.08.2015 година околу 17,30 часот во Зоолошката Градина во Скопје од страна на двајца посетители со употреба на погоден алат пресекле делови од челичните жици од мрежаста ограда и низ отворот извлекле и украле животно мајмун од видот Павијан. Истите со украденото животно најверојатно ја прескокнале затворената капија и со такси возило го напуштиле местото на настанот и се упатиле кон Кавадарци. По превземени мерки двете осомничени лица се пронајдени и приведени во ПС Кавадарци и по што им е утврден идентитетот С.Н.(31) и И.П.А.(26) и двајцата од Кавадарци. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини