Македонија повтроно е на нозе- Шарената револуција гази по улиците обележувајќи го со боја своето движење кон целта . Во Сопоје синоќа излегоа челниците на СДСМ со лидерот Зоран Заев, а членови на раководст вото беа во сите градови каде се демострираше.CjUh7FNUoAAiuV4

    Главната парола на демонстрантите беше „Се пријавувам, и јас сум хулиган-ка“. Пред неговиот споменик демонстрантите положија цвеќе и оставија порака „За Тито штафета на младоста, за Грујо паштета на гадоста“.CjUX3LNWgAA9kYzCjUUIkBWkAEck4X „Шарената револуција“, обележува и ќе продолжи да обележува се што е грешка на ова општество, рече активистката Ирена Стериева пред Собранието. – Затоа ќе порачам, со заплашувањата нема ништо да направите. Собранието е грешка, Министерството за правда е грешка, Уставниот суд е грешка и Министерството за култура е грешка и тоа голема. Затоа и ги обележуваме. Грешни сте цела влада и затоа ќе одговарате -заклучи Стериева.

 

– Се работи за тоа дека не терате да мољакаме за она што ни припаѓа. Не терате да се лигавиме за секоја коска што ќе ни ја фрлите. Се работи за тоа дека со ниту една нога не сме влезени во 21 век. Се работи за тоа дека сме заглавени во овој кенеф за кој не убедувате дека е светска палата. Се работи за тоа дека ни ја заробивте иднината, како на нас, така и на нашите деца. Доста е – рече Најчевска.CjUWss-XIAAMFaf

Претходно голем број на граѓани пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) потпишуваа изјави дека боеле со „Шарената револуција“. Професорката Мирјана Најчевска, која утринава беше на информативен разговор во полициската станица „Беко“, рече дека не се плаши и дека повеќе не се работи за идентитетот, за идеализмот и за хероите, туку се работи за денес и за овде. На патот кон Собранието демонстрантите застанаа пред средното училиште Јосип Броз Тито, каде пред споменикот му оддадоа почит за Денот на младоста, 25 мај.

 Протест и  во Тетово – „Хорхе оди си! Ја уништи Македонија!“

Синоќа протест на Шарената револуција се одржа и во Тетово. Демонстрантите порачаа „Не ви се плашиме!“ и „Хорхе оди си! Ја уништи Македонија!“.


Протест на Шарената револуција во Штип – „Затвор за криминалци!“

1936239_1069759376424376_7768580840015001497_n

 


И  Велес на нозе,  деветнаесетти ден протести

Велешани деветнаесетти ден протестираат во боите на Шарената Револуција.
Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона.
Демонстрантите се движеа по улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Демонстрантите извикуваа Апаши, Вратете ги парите, Чади баба оставка, Бардовци за Илија, Поддршка за СЈО, Револуција, Затвор за фашистите, Мафија на робија. Протестот заврши на плоштадот С’рмаале на кој се повторија барањата на граѓанското движење Протестирам.
Свои обраќања имаа Душко Петров и Едмонд Адеми од Скопје.
Вечерва имаше повеќе стотици демонстранти, протестот заврши мирно без инциденти.
Протестите продолжуваат во петок.


(ВИДЕО) Најчевска: Доста беше, не одиме ни чекор наназад и не ви се плашиме!

Се работи за тоа дека ни газат по основното човеково достоинство, дека не тераат да молиме за она што ни припаѓа. Се работи за тоа дека не тераат да се лигавиме на секоја коска која што ќе ни ја фрлат, дека сме подолу од најдолните. Ни со една нога не сме влегле во 21 век. Се работи за тоа дека сме заробени во овој кенеф за кој што не убедуваат дека е палата од соништата, рече пред демонстрантите универзитетската професорка Мирјана Најчевска, пренесе А1он.

Многу е проста работата, се работи за високи функционери кои што лажеле, краделе, мамеле, се заканувале, измачувале и убивале и сме ги фатиле на дело. И сега се обидуваат да се извлечат, не се работи за политика, не се работи за идеологија, не се работи за различни мислења и различни перцепции, се работи за најобични криминалци кои што не сакаат да одат во затвор, рече Најчевска.

Според неа, секоја мафија мора да оди на робија и за да покажат дека не се плашат, ги повика демонстрантите секој од нив да фрли по една колоритна бомба со која ќе го обележат тоа што е на граѓаните, а не на партијата.

– Ни ја уништија сегашноста и ни ја заробија иднината. И нашата и на нашите деца и на нашите внуци. Доста беше, не одиме ни чекор наназад и не ви се плашиме, рече Најчевска.

Видео – А1он


(ВИДЕО) Стеријовска: Со заплашувањата сте грешка! Ќе одговарате!

Тоа што се случи лево од мене пред 10 минути е доказ до овој режим дека идејата не може да се затвори ниту да се убие, рече демонстрантката Ирена Стеријовска, пренесе А1он.

Таа пред демонстрантите од Шарената револуција ја раскажа приказната за писателот и борец против еден режим, Милан Кундера кој објаснува дека во Советската унија уметниците биле терани да се изразуваат само во еден уметнички правец, соцреализам.

– Во време на Прашка пролет, нешто што потсетува на ова сега, уметниците како форма на револт го комплетираат делото во духот на соцреализмот, но подоцна мацкаат со својата четка во бојата и го оштетуваат делото. Тоа е нивната симболика дека тоа е системна грешка. Ова другари е системна грешка. Шарената револуција обележувала и ќе продолжи да обележува се што е грешка на овој систем. Заота, ќе им порачам со заплашувањата сте грешка. Со Собрание сте грешка. Со Министерство за правда сте грешка. Со Уставниот суд сте грешка. Со Министерство за култура сте грешка и тоа не знаете каква. Грешка сте со цела Влада и сите послушници и ќе одговарате, рече Стеријовска.

 


ГАЛЕРИЈА: „Че си лежите“ – масовен протест во Прилеп

И вечерва голем број прилепчани излегоа на протест на Шарената револуција.


ГАЛЕРИЈА: „За криминалците затвор!“ Протест во Кавадарци – обоена општинската зграда

„Се додека правдата не важи подеднакво на сите, нема да има мир! Се додека целосно не се укине срамната аболиција, и се додека криминалците од оваа власт не одговараат за своите злодела, остануваме на улица!

Кавадарци масовно на протест! Бараме од лидерите на опозицијата, разгледување на мерки за радикализација на протестите, бидејќи режимот почна отворено да се пресметува со неистомислениците. Гандиевскиот начин на протест, бандитите од власта не го разбираат.

‪#‎ШаренатаРеволуција‬ нема да запре! Се додека ова зло не го победиме! Се додека правдата и слободата не победат! ‪#‎ЌеПобедиме“, велат демонстрантите од Кавадарци кои и вечерва беа на улица.

 

 

 

Слични содржини