Шарената револуција“ денеска на протестот, кој ќе почне во 18 часот, ќе побара од Собранието да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни.

13224268_10207813517449088_1195973288_o-860x680

„Собрание, собери се! „Шарената револуција“ бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. Бараме итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е поднесено обвинение од страна на СЈО“, пишува на страництаа на „Шарената револуција“ на „Фејсбук“.

Граѓаните од „Шарената револуција“ бараат и оставка од Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе!

Протестот во Скопје ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот.

Протести ќе се одржат и во Велес, Крива Паланка, Берово, Делчево, Штип, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Демир Хисар, Битола, Ресен и Прилеп.
Блокади на патиштата се веќе почнати во Мојмирово и во Мачево.

Слични содржини