Пред почетокот на состанокот на Советот на Министри за надворешни работи на ЕУ, подржувачи на Шарената револуција, заедно со екс амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере изразија поддршка за граѓанските протести во Македонија и барањата за демократија, правда и еднаквост и општество на владеење на правото.

Screenshot_5

Од Европските лидери и институции бараат:

1. поддршка на мирните протести во Македонија и улогата на цивилното општество во решавање на политичката криза;

2. поддршка за Европската иднина на Македонија со одржување на земјата на агендата на разговорите на министерскиот состанок на Советот на ЕУ, како и поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, чија работа е постојано попречена од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалиционен партнер ДУИ, како и од Претседателот на Македонија;

3. воведување на таргетирани индивидуални санкции (замрзнување средства и имот и/или забрана за влез во ЕУ) против членовите на владејачката партија и нивните соработници против кои е поведена кривична постапка, се до повлекување на претседателската одлука за аболиција, и целосно овозможување на непречна работата на Специјалното јавно обвинителство./извор а1он

Слични содржини