Потпреседателката на Радмила Шекеринска, денеска поднесе 21 кривична пријава за криминал на избори.Пред обвинителство таа пососчи дека предмет на нивен интерес ќе бидат сите криминали и злоупотреби кои сега излегуваат на виделина.

images

“Имајте сметка дека ние на неколку дена имаме прес-конференции и не можеме да нафтасаме со кривичните пријави. Факт е дека ако ги слушате само снимките од еден прес, имате само 20 кривични дела и најмалку 20 години казна затвор за луѓето кои што тоа го правеле. Ова е дефинитивно повреда не само на уставните начела, туку ја руши и поделбата на власта. Кој е тој Парламент кој што може да ја контролира власта, ако луѓето во власта држат оставки или пишани оставки? Мислам дека сега и на премиерот ќе му биде тешко да тврди дека нема директна контрола врз судбините на своите пратеници. Можеби тоа е причината зошто Парламентот молчи за овие скандалозни откритија”

Во врска со изјавата на екс-обвинителот Шврговски во која тој за DW објаснува дека обвинителството не било независен ораган Шекеринска посочи дека тој е еден од најблиските луѓе на врхушката околу Груевски кој што потврди дека снимките се автентични.

“Со неговата изјава се потврдува дека за власта и луѓето блиски до ним, обвинителството било само продолжена рака на извршната власт. Дека не било независно, и дека не било самостојно.Тоа е кршење на основните уставни начела. Тоа ни покажува зошто во сите изминати години, ниту еднаш ОЈО не се охрабри да поднесе кривична пријава против било кој од главните вршители на власта, било за злоупотреба на службената положба или за корупција. Изјавата на Шврговски го демантираше Груевски и неговите блиски во сите лаги кои ги шират овие денови и ОЈО функционирало под целосен политички диктат – нагласи Шекеринска.

Понатаму Шелеринска додаде дека очекуван и срамен бил молкот на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

“Начинот на кој што беше избран, начинот на кој што ја практикуваше својата функција во изминативе пет години, не нè тераше да очекуваме нешто повеќе. Кога Македонија е во сериозна криза, навистина сме шокирани дека тој е само нем сведок. Власта излезе со серија на смешни лаги, а тој не собра сила ниту да свика Совет за безбедност, а замислете неговите први соработници тврдат дека овде ровареле странски служби. Тоа покажува дека ниту Иванов не верува во лагите на Никола Груевски”-изјави Шекеринска.

Слични содржини