Предлог-законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали што го поднесоа пратеници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ темелно го повредува членот 16 од Уставот, оценува професор Светомир Шкариќ  за RSE.

1787FDE5-7A8C-4A7B-8A3D-83B276CB8201_w640_r1_s

Законот за необјавување на бомбите е морбиден. Тој е поморбиден и од Законот за лустрација со кој што е предвидена можноста да се лустрираат и починатите лица. Ова го изјави универзитетскиот професор Светомир Шкариќ кој оцени дека со решенијата во предлог-законот за забрана на објавување и поседување на прислушуваните материјали што во Собранието вчера попладне го поднесоа пратениците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, темелно се повредува Уставот и цел сет на слободи и права гарантирани со членот 16.

Законот најотворено арогантно ја заговара цензурата која изречно е забранета со Уставот. И се забранува каков било говор, какво било пишување на сè што може да произлезе од снимките. Е тоа е невидено во областа на уставните права.

Според него прво се повредува слободата на мислата, бидејќи со законот се забранува секаков говор за објавените снимки. Како што коментира професор Шкариќ предлог-законот е обид на власта да се заборави во јавноста тоа што се објавува во рамки на проектот „Вистината за Македонија“.

„Овој предлог-закон ако стане закон со право ќе може да се оцени како еден од најморбидните закони што се појави од осамостојувањето на Република Македонија. Со други зборови треба да се заборави тоа што го објавуваме во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, како да не се случило. Значи тој факт како факт треба да исчезне значи не смее да се помисли некој да зборува за тие настани. Очигледно е дека предлагачот, а тоа се двајца претставници од двете владеачки партии се во голема паника. Едноставно не знаат што предлагаат“, вели Шкариќ.

Тој предупреди дека предлог-законот директно ја ограничува слободата на говорот, оценувајќи дека со ограничувањето и на правото да се пишува за тие настани се ограничуват и новинарските слободи и се нанесува тежок удар на новинарската професија./RSE

Слични содржини