Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги доведува во опасност исклучително важните и вековни односи со Германија, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Тој во интервју за „Билд“ посочи дека и покрај тоа што двете држави многу работи ги поврзуваат, сепак Германија „не може да дозволи да биде уценувана“.

Дипломатските односи меѓу Берлин и Анкара се тензични поради притворот на германски државјани во Турција и поради тоа што не им се дозволува на германските пратеници да ги посетат германските воени бази во Турција.

Слични содржини