Скандалот со е-маилот на Хилари Клинтон кој се спомнува во последните неколку месеци, не му послужи како предупредување на директорот на американската разузнавачка служба ЦИА, кој својата приватна АОЛ сметка ја потхранувал со службени документи.

John_Brennan_ytube
Викиликс, како што најави, го објави е-маилот на шефот на ЦИА-Џон Бренан. Се работи за неговиот приватен меил, на кој понекогаш подготвувал податоци поврзани за работата на разузнавачката служба.
-„Денес и следните неколку денови Викиликс ќе објавува документи на еден од шефовите на ЦИА-Џин Бренан. Тој неговиот маил понекогаш го користеше и за подготвување на службени податоци“-се наведува во објавата на Викиликс.

CR3QBzVWIAEVs3H

За потсетување, американски средношколец тврди дека тој го хакирал приватниот маил на Џон Бренан и таму нашол многу интересни и доверливи документи.
Помеѓу останатото, имало и негови лични податоци како здравствено и пензинско осигурување, но и лични информации за многу американски разузнувачи, како и документи кои опишуваат брутални техники за испитување на осомничени за тероризам.

Слични содржини