Бродови и возови останаа на своите места во пристаништа и станици во Грција, која во Денот на трудот е преплавен како од протести, така и од празнични паради, пренесоа светските агенции , откако двата главни синдикати во Грција – на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и на државните службеници АДЕДИ, повикаа на масовно учество во штрајкови и протести по повод Први мај.

2d2dd03f4fc32e327fff5358d2931442

Синдикатите објавија 24-часовен штрајк. Со црвени знамиња и плакати, повикуваат за борба во името на правата на работниците, грчките синдикати повторно ги изведоа на протести милиони незадоволни Грци.

Со единство и борба опстојуваме  на правичните  барања , се бориме  и штрајкуваме  за отстранување на политиките на штедење, за да се обезбеди и да владеат работничките и социјалните права, се вели во соопштението на двете синдикални централи.

“Овогодишниот Први мај совпаѓа со пристигнувањето на пет години од оној страшен ден, во кој нашата земја се покажа Оковано во синџирите на ропството и зависноста на тројката (ЕУ, ЕЦБ, ММФ). Работничката класа и пензионерите буквално беа доведени до очај “, велат од морнарскиот синдикат.Посебна митинг закажал и синдикатот ПАМЕ на комунистичката партија. Активисти на Комунистичката партија организираа поворките во над 30 градови на земјата Во цела Грција се планирани бројни манифестации за одбележување на Меѓународниот ден на трудот, кои се организираат од различните работнички центри.

Таквите настани се закажани во Триполи, Каламата, Спарта, Коринт, Навплио, Патра, Пиргос, Кавала и Ксанти. Младинските организации на левичарските партии ги поведоа и учениците на денешните демонстрации. Учествуваат и антирасистички организации со барање за целосна забрана на крајно десничарската партија “Златна зора” и еднакви права за имигрантите. Во одговор активисти на десничарските партии скандираат “надвор странците од Грција”. Студентите носат транспаренти со лично обраќање до премиерот: “Алексо, ние сме со тебе. Не сакаме послушност пред доверителите “. Масовното е учеството на Грците во првомајските поворки. Нема тензии, како и екстремистички манифестации. Не само полиција, но и синдикатите ги чуваат поворките, за да не дозволат учество на анархисти.

Слични содржини