Шведската принцеза Софија чека второ дете

од Vladimir Zorba

Шведската принцеза Софија, сопруга на принцот Карл Филип, кој е четврти по ред за наследување на тронот, го очекува своето второ дете, соопшти АФП. Се очекува бебето да се појави на виделина во септември.

Софија има 32 години, а првото дете Александер роди во април 2016 година. Неговиот брат ќе е шестото внуче на кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија.

Престолонаследничката принцеза Викторија има две деца – Естет и Оскар, како и помалата нејзина сестра принцезата Мадалена.

Принцезата Софија е поранешна риалити ѕвезда со скромно потекло. Швеѓаните ја сакаат, бидејќи е срцева и заедно со принцот Карл Филип се трудат да живеат скромен живот во Стокхолм.

Слични содржини