Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ќе одлучи и ќе каже дали ќе присуствува на седницата на Светот на јавни обвинители в среда, за кога е презакажно разгледувањето на нејзиниот извештај, откако ќе добие писмена покана од Советот, кој денеска го одложи разгледувањето на документот поради неприсуството на Јанева.

katica janeva

– Првин да добиеме писмено известување од Советот на јавни обвинители за седницата, па ќе се произнесеме во јавноста за нашиот став. Во овој момент не можеме да даваме коментари на изјави изнесени во јавноста – ни изјави портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, која ја прашаваме дали Јанева ќе дојде на седницата в среда.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по завршување на денешната седница, пред новинарите изјави дека Јанева е должна да дојде на седницата, меѓу другото, и поради бројните нејаснотии и проблематични делови во извештајот за кои членовите на Советот имаат прашања.

– Членовите на Советот на јавни обвинители заеднички заклучија дека е нужно нејзиното присуство поради доста нејаснотии во извештајот. Членовите ги интересираат проблемите што се наведени во тој извештај и од тие причини извештајот ќе биде разгледуван в среда – рече Аневски.

Тој повторно ја повика специјалната обвинителка да дојде в среда на седницата, истакнувајќи дека тоа е нејзина должност, односно дека Советот на јавни обвинители е органи пред кој таа одговара за своето стручно и законито работење.

Од СЈО за „Мета“ утрово, пред почетокот на седницата, изјавија дека специјалната обвинителка нема да присуствува на седницата, бидејќи нема законска обврска да дојде ниту, пак, досега било практика раководителите на обвинителствата во Република Македонија да присуствуваат и да реферираат пред Советот за вакви извештаи, како и тоа дека треба да се има предвид автономијата на Специјалното јавно обвинителство.

мета

Слични содржини