Претежно облачно  со повремени врнежи од дожд. Во западните и крајните источни  делови на места врнежите ќе бидат пообилни и ќе имаат пороен карактер (над 25 л/м2). Ќе дува  умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 70км/час. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 19 °Ц.

 

цадор

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ   7 Струмица, 8 Крушево, Лазарополе, Маврово, 10 Гевгелија, 11 Тополчани, 12 Дебар, Кр. Паланка, Охрид, Дојран, 13 Претор, Прилеп, Берово, 14 Тетово, Куманово, 15 Штип, Скопје, Виница, 16 Битола, Д. Капија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот.   1 Кр. Паланка, Крушево, 2 Охрид, 6 Дебар, 7 Пожаране, 8 Лазарополе, 15 Маврово.

 

ВРЕМЕТО ПРЕКУ НОЌТА И УТРИНАВА   Претежно облачно  со повремени врнежи од дожд. Дуваше умерен претежно јужен ветер, на моменти во делови од Пелагонија и во западните делови на повисоките места достигнуваше брзина од 70км/час.

 

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина од 70 км/час. Од денес претпладне врнежите од дожд ќе се прошират насекаде, а ќе бидат пообилни во западните и источните делови и на места ќе надминат 20л/м2. Во понеделник, вторник и среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе останат позитивни, но заедно со дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

 

Слични содржини