Словачката ултрадесничарска Народна партрија денеска соопшти дека покренува петиција за одржување референдум за членство на земјата во ЕУ, откако Британија гласаше за напуштање на Унијата.

kotleba

Според словачкиот закон потребно е со петиција да се соберат 350.000 потписи во државата, која има 5,4 милиони жители, за да може да се одржи референдум.

Резултатите од таков референдум се правно обврзувачки.

– Граѓаните на Велика Британија одлучија да го одбијат диктатот од Брисел. Крајно време е и Словачка да го напушти европскиот „Титаник“ кој тоне, пишува на сајтот на оваа словачка партија. /МИА

Слични содржини