Шарената револуција“ денеска протестира пред Собрание за, како што велат организаторите, да ги потсетат пратениците дека треба ги слушаат граѓаните, а не партиските лидери.protest2-1-706x437

„Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, но брзите прсти на пратениците послушници го игнорираа, па го распуштија Собранието. Ќе ве ‘поздравиме’ денеска за да ве потсетиме дека треба да си го расчистите ѓубрето што го оставивте со вашата неодговорност. Протестирам затоа што не нè слушате нас кои ве плаќаме, туку лидерот што ќе ви каже. Протестирам затоа што не размислувате со своја глава. Протестирам затоа што немаше услови ни да се опуштите, а вие се распуштивте“, пишува во најавата за настанот на „Фејсбук“.13082160_10153686235448224_1194142302_n

Денешната рута е Собрание- МНР- Влада.Граѓаните најавуваат дека ќе бидат на улица сè додека не се исполнат нивните барања.

Протести за денеска се планирани и во други градови.

 

Слични содржини