Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло. Преку денот ќе дува слаб, а наместа умерен ветер од променлив правец.

CDA0CE17723A9D46930C8C861F8BE030

Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и малку потопло со  слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно, суво и потопло време. Сепак, во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а од средината на наредната недела ќе продолжи затоплувањето, но во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд со грмежи.

 

Слични содржини