Четиринаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа што  вчера попладн се случила на автопатот Куманово -Табановце.

До несреќата дошло кога  се судриле автобус и два автомобила. Во несреќата повреден е и поранешниот министер за финансии на Албанија, Арбен Ахметаи.

Двајца од повредените се со потешки повреди, поради што се префрлени на лекување на клиниките во Скопје, а останатите се хоспитализирани во болницата во Куманово.

Според неофицијалните информации, до судирот дошло кога џип со албански регистраски таблички, директно удрил во автобус со гостиварски таблици кој превезувал патници кон Скопје.

Никој не е со животно загрозувчки повреди.

Слични содржини