policija-noke-520x358

На 26.02.2016 година околу 06,45 часот од страна на полициски службеници од ПС-Сопот, од правец на с.Речица и с.Ваксинце било забележано како од ПМВ „Мерцедес“ со скопски ознаки излегуваат група мигранти кои веднаш почнале да бегаат. Од страна на полициски службеници биле приведени 14 мигранти, кои по извршениот разговор изјавиле дека за одреден паричен надоместок биле превезени со возилото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото. Со потврда за предавање на лица, седум мигранти се предадени на ОИМПК за понатамошна постапка, а останатите седум мигранти околу 13,00 часот се однесени и сместени во ТК„Табановце“.

На 24.02.2016 година во Скопје на ул.„Демир Трајко“непознат сторител со насилно отворање на балконска врата од куќа сопственост на С.К.А.(40) извршил тешка кражба при што одзел златен накит по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 150.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 26.02.2016 година околу 19.30 часот во с.Сарамзалино–Лозово во продавница од страна на непознато лице била пуштена во промет фалсификувана банкнота од 100 евра. СВР-Штип презема мерки за целосно расчистување на случајот.

На 27.02.2016 година околу 06,00 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека во ГТЦ од страна на Ж.Т. (24) и С.Ч.(23) двајцата од Скопје, биле физички нападнати Н.Џ.(53) и Л.М.(44) двајцата од Скопје, кои биле вработени како обезбедување во ГТЦ. Осомничените се приведени во ПС- Центар и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини