Со двата натпревари што ќе се играат вечерва, ќе биде отворена новата сезона во најдобрата конкуренција на фудбалскиот шампионат на Шпанија, Примера лигата.

Првенството ќе го отворат Леганес и Алавез, додека подоцна вечерва ќе играат Валенсија и Лас Палмас. За утре се закажани натпреварите Селта Виго – Сосиедад, Жирона – Атлетико Мадрид и Севиља – Еспањол.

Три средби ќе се играат и в недела и тоа Атлетик Билбао – Хетафе, Барселона – Бетис и Реал Мадрид – Депортиво Ла Коруња. Колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелите Леванте – Виљареал и Малага – Еибар.

Слични содржини