Тасев: Дали Груевски треба да остане на чело е работа што треба ВМРО-ДПМНЕ да ја расчисти

од desk4

Секоја партија после избори мора да направи реформа ако сака нормално да ги пречека следните избори, но нашата партија нема да се меша во внатрепартиските работи на ВМРО-ДПМНЕ, вели за „Мета“ Никола Тасев, член на Извршниот комитет на ВМРО-НП, на прашањето како гледа на најавата за оставка од Никола Груевски на претседателското место во ВМРО-ДПМНЕ.

– Ставот на ВМРО-Народна за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, и за која било друга партија, е дека тоа е внатрепартиска работа и секој процес што се одвива е нешто што зависи од нив. Тоа се нивни работи и треба да си ги решат, но ако сакаат да функционираат нормално треба да поминат процес на реформа. Секоја партија што сака нормално да ги пречека следните избори мора да направи реформа. И во ВМРО-ДПМНЕ по изборниот пораз во 2002 година имаше реформи, гледаме дека и во СДСМ се случуваат реформи, и во ВМРО-ДПМНЕ се случуваат некои промени, но тоа сепак е нивна работа – вели Тасев.

Слични содржини