Тотенхем го исфрли Гент од Лига Европа

од Vladimir Zorba

Тимот на Тотенхем отпадна уште на 1/16-финалето на Лига Европа, откако направи еднаквост со 2: 2 дома со Гент во реваншот помеѓу двата тима. Првата средба во Белгија заврши со успех 1: 0 за домаќините и на тој начин со вкупен резултат 3: 2 тие продолжуваат напред во турнирот. Реваншот на “Вајт Харт Лејн” започна одлично за “Тотенхем”, кои поведоа во резултатот уште во 10-та минута, но 10 минути подоцна Хари Кејн си постигна автогол. Непосредно пред одморот Али доби директен црвен картон и отежни задачата пред лондончани. Сепак, во 61-та минута Виктор Уанама повторно ѓи изведе домаќините напред и им даде надежи за пласман, но Џереми Пербе стави точка на спорот со гол за конечните 2: 2 во 81-та минута.

Слични содржини