Ми се причинува како велите: „Да, не не влеговме за да излеземе“. Брегзит се оствари, Франција зборува за Френкзит, Грција – за Грекзит, се надзира Екситалија…

А Турција? Турција не е членка на Унијата па да спори за излегување…

Да, ние не сме членки ниту на политичката, ниту на монетарната унија на Европа, која над половина век не држи на прагот, но веќе 21 година сме членка на царинската унија. Но, сега имено се разгледува нашето членство во тој блок и ќе зборуваме за иднината на царинската унија.

Очигледно во остарената и забавена Европа „епохата на подемот“ е на самиот свој крај, по глобалната криза во 2008 година започна дури и „епоха на стагнација“, а на самиот крај со Брегзит започна и „епохата на падот“.

Кризата во односите со Европа, прво со Германија, а потоа и со Холандија, дефинитивно ќе го засегне и процесот на модернизација на царинската унија. Одамна под сомнеж го стававме тој договор, а овој пат Еврокомисијата излезе со предлог да го обнови тој договор.

Добро, но што вклучува таа модернизација?

Што претставува таа нова верзија која можеме да ја наречеме „царинска унија 2“?

На прв поглед ни изгледа дека тоа ќе биде од полза за Турција, но јас не мислам така. Ако го имаме предвид службеното досие на ЕУ, не можеме да бидеме целосно сигурни.

Ние сме петтиот најголем трговски партнер на ЕУ, со која имаме размена на стоки во износ од 140 милијарди евра.

Но, главниот проблем е што ЕУ, условно кажано, не сонува пријатни соништа поврзани со Турција.

Освен тоа, со своите дејствија кои се „надвор од опсегот на дипломатијата, законот и правилата“, блокот го воскресна менталитетот на крстоносците.

И така нападите на Холандија, по примерот на Германија, не тераат да се сомневаме не само во членството во ЕУ, туку и во продолжувањето на постоењето на царинската унија. Ако во скоро време Холандија не се извини, а Германија и други земји членки на ЕУ не ја сменат својата непријателска позиција кон нас, можеме да започнеме со процесот на Трекзит.

Им прдлагам на соодветните министерства и пред се на приватниот бизнис, внимателно да размислуваат на сценарија за излегување на Турција од царинската унија, да ги анализираат последиците, и уште сега да започнат да разработуваат алтернативна политика.

Се сеќавам дека започнавме да ги преведуваме на турски јазик документите од 80 илјади страници за царинската унија, кон која се приклучивме во 1996 година, помалку од две години по неговото потпишување.

Ако се одржи евентуален референдум за Трекзит, ајде да не ги повторуваме претходните грешки и да преземе предвремени мерки.

Сабах – Истанбул

Слични содржини