Вечерва во Дневникот на Сител телевизија, главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ – Латас упати огромна навреда кон турската нација, нарекувајќи ги Турците лажговци, реагира Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП).

Screenshot_34

„Ваквиот вокабулар не само што не е професионален, туку е големо омаловажување за целата 300 милионска турска нација и претставува огромен удар врз пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Турција. Партијата за Движење на Турците во Македонија го повикува Драган Павловиќ – Латас итно да се извини од сите Турци, а во спротивно ќе покренеме судска постапка“, соопштија од партијата.

Слични содржини