Унаи: Ова е идеален момент за меч со Реал

од Vladimir Zorba

Тренерот на Париз Сен Жермен, Унаи Емери зборуваше пред посетата на Реал Мадрид во 1/8-финалето од Лигата на шампионите:

„Ова е идеалниот момент за овој натпревар, бидејќи сакаме да продолжиме да растеме и тоа е шанса да го покажеме. Секогаш е подобро да игра против еден од најдобрите клубови и ние играме против шампиони“, започна тренерот.

„Лигата на Шампионите е посебен турнир, бидејќи тоа е најтешкото натпреварување за победа. Сакаме да играме против најдобрите играчи во светот. Очекувам навистина возбудлив натпревар. Тоа се две екипи со играчи од највисоко ниво, кои можат да направат разликата“, додаде тој.

Слични содржини