На протестот, закажан преку социјалните мрежи, во Белград се собраа повеќе илјади лица, а демонстрациите траеја четири часа. Со свирчиња и тапани се извикуваа пароли против Вучиќ, а учесниците повеќепати прошетаа од Собранието до Владата и назад.

Протестот на младите го поддршаа претседателските кандидати Саша Јанковиќ, Бошко Обрадовиќ и Бели Прелетачевиќ, како и партијата Нова Србија на Велимир Илиќ. Сепак, тие апелираа до учесниците да не наседнуваат на провокации и мирно да протестираат.

Вучиќ од Мостар порача дека Србија е демократска земја во која секој има право да биде несреќен поради изборните резултати и дека протестите се во ред, се додека се мирни.
Протестно собирање на младите имаше во Крагујевац, Чачак, Лесковац, Зрењанин, Бор, Сомбор, Узице и Краљево