Уставниот суд денеска застанува на страната на граѓаните и уставноста. Барем такви се неофицијалните најави дека тоа ќе биде првиот чекор за излез од кризата која ја носи Македонија кон амбисот.
устаен

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија е единствената точка на седницата на Уставниот суд закажана за денеска за час и половина , во 9 часот.  Ако претходно ја  одби иницијативата на пратеникот Павле Трајанов по ист основ,  сега се очекува  да ја прифати иницијативата на ДУИ и партијата на Али Ахмети, односно да ја поништи одлуката за распуштање на Собранието со што ќе му се овозможи на парламентот да заседава за укинување на аболицијата и за поништување на изборите на 5 јуни.

Ова треба да биде некаков контекст на преговорите кои се случуваат скриени од јавноста веќе десетина дена, со посредство на меѓународните медијатотри и гарантори САД и ЕУ. Во истиот контекст е и денешното дополнително засилување на меѓународините  посредници а тоа е пристигнувањет на  високиот американски  дипломат, Заменикот-помошник државен секретар во Стејт департментот Хојт Брајан Ли . Се најавува набргу и посетата на германскиот специјален посредник Јоханес Хајндл. Пораките се јасни и недвосмислени нема  избори без услови, и нема напред без враќање на процедурата во парламентот.Сепак никој не исклучува дека Груевски во последен момент како и многупати досега се ке урне , и ќе тера по свое, без да ја есапи ниту јавноста , ниту партијата, најмалку странците.

 

 

 

Слични содржини