Тешко е да се дефинира дали треба да бидеме задоволни или не од повлекувањето на продажбата на еврообврзницата, вели професорот Ванчо Узунов. Сега, според него не е најважно прашањето дали понатаму ќе успее оваа постапка на издавање, бидејќи каматата ќе биде многу висока, вели тој за Телма.

uzunov

Влатата направи низа грешки поради што целаат постапка со нудење на продажба на еврообврзницата имаше многу законски недоследности вели Узунов. Требаше прво да објасни дека мора да се задолжува, требаше да се направи анализа на потребната сума, како и да се донесе заеднички став на експертската јавност, но и на политичките партии.

Прашањето висината на каматната стапка при повторно нудење на продажба на еврообврзницата го посочува и професорот Кожухаров. Според него извесно е дека таа ќе биде повторно издадена, осносно понудена на странските инвеститори преку банките кои беа скептични во овој период. Износот ќе биде искористен од страна на државата за потребите на неколку сфери.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини