Вардар ја совлада Барселона

од Vladimir Zorba

Со резултат од 26 – 25 ракометарите на Вардар ја совладаа грандиозната Барцелона, со што се пласираа во финалето.

Инаку, францускиот ракометен првак Пари Сен Жермен е првиот финалист на „фајнал фор“ турнирот во Келн, откако попладнево го совлада унгарски Веспрем со 27:26.

Парижаните ја имаа контролата на резултатот и беа во водство од најголемиот дел од мечот, најмногу со три голови разлика и на крајот во драматична завршница стигнаа до победата.

Веспрем пред крајот на првото полувреме успеа да изедначи и на пауза се отиде со 11:11, но тоа не му успеа во финишот кога не реализира напад за продолженија.

Слични содржини