Вељановски: Џафери не е избран за претседател на македонскиот парламент, селфи не значи избор

од Vladimir Zorba

Трајко Велјановски демантира дека Талат Џафери е избран за претседател на парламентот.

Талат Џафери не е избран за нов претседател на македонскиот парламент, изјави  претседавачот  на  конститутивната седница на новиот македонски парламент, Трајко Вељановски. Според него тврдењето на СДСМ  и на албанските партии дека на 27-ми април  го избрале Талат Џафери за претседател на парламентот, е апсолутно неточно.

Седницата во четвртокот ,на 27-ми април,беше прекината и јас како претседавач не бев во салата. Нема докази за кворум, немаше ниту еден вработен од администрација, кој да ги преброи колку гласале и конечно нема објавено информации во Службен весник, рече Вељановски на Тв Сител и додаде: Тоа што тие се направија слики и селфи со мобилен телефон, не значи дека  избрале некого. “Политиката не може да биде над законот. Како може да има избран претседател на парламентот без тоа да е објавено во Службен весник. Сега откако ја сфатија оваа грешка вршат огромен притисок врз вработените во парламентот да објавуват порака во Службен весник”, рече уште Вељановски .

Парламентот има претседател, Вељаноски ќе одговара!

Тој најави дека ќе продолжи да работи и ќе закаже нова седница во парламентот откако ќе биде извршен ремонт на Народното собрание, по упадот на граѓаните.

И покрај тврдењата на Трајко Вељаноски, Талат Џафери е признат за нов претседател на Собранието и како таков тој ќе ја закаже следната седница.

Слични содржини