Тројца заменици шерифи и 11 полицајци учествувале во размена на оган со напаѓачот во геј клуб во Орландо кој зад себе остави 50 жртви, објави локалната полиција.11204

Шефот на полицијата во орландо, Џон Мина изјави на прес конференција дека полицајците се суспендирани додека трае истрагата. Тоа е типична процедура во такви случаи.

Во масакрот во геј клуб во Орландо беа убиени најмалку 50 луѓе и 53 се ранети. Злосторството го изврши Американец со авганистанско потекло Омар Матин кој во размена на оган со полицијата беше убиен. Тоа е најмасовно убиство со огнено оружје во историјата на САД

Слични содржини