Од органите на редот соопштија за неколку напаѓачи на различни точки на градот.

1469210258-0420tresnje20suter-620x0 (1)

Полицијата на Минхен ја потврди информацијата за тоа дека во градот дејствуваат неколку напаѓачи. Ова го пренесоа агенциите. Првичните информации велеа дека маж пукал во трговскиот центар “Олимпија”. Таму има над десет загинати
Според информации на “Скај њуз”, пукање имало и во метрото. Пукањето билo во реонот на плоштадот “Карлс плац”, но за жртви не се споменува.

1469210583-stre

Очевидци објавија снимка од Карслплатц, еден од најголемите плоштади во Минхен.

Пукање во моментот има и пред Мекдоналдс во Минхен, неколку минути откако се случи ѕверскиот масакр во трговски центар во градот, пренесува РТР.

Полицијата потврдила дека има неколку убиени и тешко ранети.

Новинарот Александар Фит, кој во моментов се наоѓа во Минхен, раскажа за “Звезда” детали за престрелката во градот. “Неидентификуван маж отворил огане во зградата на трговскиот центар, лоциран во олимпискиот парк Минхен. Има убиени и повредени. Точниот број на жртвите не е познат “, истакна Фит.

Според него, стрелецот успеал да се скрие. Според податоците на голем број очевидци, напаѓачот избегал во метрото. Други сведоци раскажуваат дека стрелец се уште се крие во зградата на трговскиот центар.

Новинарот пишува дека во други области на Минхен, исто така се слуша пукање. Особено, очевидци раскажуваат за престрелка во центарот на баварската престолнина. “Познати велат дека во други области на Минхен, исто така се слуша пукање, особено во центарот на градот”, вели Фит.

https://www.youtube.com/watch?v=y60wDzZt8yg

 

(ВИДЕО 18+) Вонредна вест: Ситуацијата во Минхен станува застрашувачка – се пука пред Мекдоналдс

Слични содржини