Опозициската СДСМ денеска објави нова т.н. „бомба“ Со aудио снимките како што рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, се открива причината зошто ДУИ се уште е во Владата, како што рече поради пари и лични интереси.

Не ја пропуштајте историската шанса и бидете дел од протестот утре

Јасна е нивната одговорност за ужасната состојба во Македонија во секоја смисла и од досега презентираните докази и аргументи, додаде тој, затоа што ништо од тоа што го направил Груевски, од криминал и корупција, до удар врз човековите слободи и права, не би можел да го стори без знаење и поддршка од неговиот коалициски партнер ДУИ. Кажав и дека од ДУИ биле многу внимателни кога зборуваат по телефон, што покажува дека добро знаеле оти се прислушувани. Но, истакна Заев, сепак аудио снимките што ќе ги слушнете денеска се доволни да го разобличат владеењето на тесната група во ДУИ, кое по многу нешта наликува на владеењето на тесната група на Груевски. Нивната трпеливост во владата и кога беа потценувани упатува на тоа дека примарна цел не им биле граѓаните, нивното гласачко тело, туку моќ, власт, за лични интереси и за пари.

Слични содржини