Руската борбена авијација ja користи во Сирија против терористите од “Исламска држава” најновата прецизнa воздухопловна бомба, насоченa и прилагоденa со помош на ГЛОНАСС. Тоа го изјавил во саботата пред РИА Новости претставник на Воено-космичките сили на Русија.20151003.ztmvgxrzve

“При бомбардирањето на инфраструктурата на ИД руската авијација ги користи најновите прецизни оружја како податлива воздухопловна бомба. Оваа бомба остварува корекција откако ќе се оддели од крилото на авионот со помош на сателитот ГЛОНАСС. Таа, исто така добива координати и од авионот. Така точноста на погодокот е плус-минус 2 метри независно од временските услови и годишните сезони. Ова овозможува објектите на терористите да бидат уништувани со исклучителна прецизност, без да има штета меѓу мирното население “, уверува изворот на агенцијата.

Авио-бомбата КАБ-250 се фрла од бомбардерите Су-34 од височина 5 километри, додава тој. Според Министерството за одбрана на Русија користење на универзални авиони Су-34 овозможува да бидат ги нанесувани удари по формации на ИД  на целата територија на Сирија со апсолутна точност.

Слични содржини