Screenshot_201-652x320

По повод 9 мај, денот на победата над фашизмот, на демонстрантите од Шарената револуција им се обрати 91 годишниот борец против фашизмот во Втората Светска Војна, Димче Најчевски.

– Нашите протести против ненормалниот и ненародниот режим, нашата револуција симболизира борба на сојузните народи против фашистичкото зло. Шарената револуција е израз на гласните желби на демократските сили за социјалната правда, за мир, против тиранијата. Историските искуства не учат да не дозволиме фашистичката опасност повторно да надвладее, рече Најчевски пред Шарената револуција.

Тој истакна дека на 9 мај човештвото се спасило од фашистичката чума и дека во името на поколенијата, не смее да се дозволи уште еднаш да се повтори тоа што се случило.

Слични содржини