Инцидент на претседателските избори во Чешка: полугола активистка на Фемен му се втурна на Милош Земан во моментот кога тој требаше да гласа.

Без облека на горниот дел од телото и натпис „Земан – к..ва на Путин“, активистка на организацијата за права на жените Фемен му се втурна на чешкиот престедател Милош Земан во моментот кога требаше да го даде својот глас на претседателските избори. Телохранителите на 73-годишниот Земан веднаш ја совладаа младата жена и го одведоа Земан на безбедно.

 

Фаворитот на изборите кои почнаа вчера, а завршуваат денеска, се врати по неколку минути за да го даде својот глас и рече дека се чувствува „почестен“ што исто како папата бил мета на активистка на Фемен. Земан инаку важи за проруски настроен. Тој имаше средба со рускиот претседател Путин во ноември, во Сочи.

Организацијата Фемен за време на кризата околу Крим протестираше против руската анексија на полуостровот. Земан во октомври минатата година ја означи анексијата на Крим како завршена работа./Дојче Веле

https://www.youtube.com/watch?v=qvURY_kdeVE

Слични содржини