Екстерното тестирање е еден од најнеуспешните проекти на Никола Груевски во образованието. Ниту нешто мери, ниту нешто подобрува. Само ги зголемува фрустрациите кај наставниците, стресот кај децата, учениците и родителите.

Квалитетот на образованието не беше воопшто цел. Напротив. Дополнето со сите други лоши закони и проекти спроведени од страна на ВМРО-ДПМНЕ се создаде хаос во образованието.

Упорноста со којашто ВМРО-ДПМНЕ го турка овој проект и покрај огромниот револт и протести на учениците и родителите, покажува дека за власта во заминување не мисли на учениците.

-ќе-го-укине-екстерното-тестирање

Денеска ВМРО-ДПМНЕ им приреди ново малтретирање и нов стрес на учениците со екстерното тестирање.

Од утрово лошиот систем за екстерно тестирање повторно не функционираше. Со часови матурантите чекаа во училиштата за да го полагаат тестот.

Никој не презеде одговорност за тоа што учениците се држеа толку долго време во училиштата иако немаше услови за полагање.

Овој концепт беше наметнат со цел врз илјадници наставници, да се врши постојан притисок за да им се наметнува партиска контрола. Заканите со казни, кои беа масовно воведени, беа втората алатка со која Никола Груевски сакаше послушни наставници, луѓе кои ќе мислат на казните и како да се спасат од нив а не на хаосот во образованието и лошиот живот.

Наместо екстерно, потребно е вистински развој на образованието.

Во интерес на учениците, професорите, родителите и целокупниот образовен протест екстерното тестирање ќе биде укинато од Новата влада на СДСМ.

Слични содржини