Оваа недемократска и режимска власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница на Комисијата за образование и наука продолжи со најдрско кршење на Уставот, Законите и Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Претседателката на Комисијата, Олга Најденовска на најбрутален начин го крши Деловникот на Собранието на Република Македонија и го реализира сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за предизвикување на физички инцидент.

– Спротивно на Деловникот на Собранието неосновано го крати времетраењето на дискусиите на пратениците,

-за-Најденовска-и-предупредуваме-ВМРО-ДПМНЕ-прави-сценарио-за-конфликт

– Спротивно на Деловникот на Собранието го одзема правото на процедурални забелешки на замениците координатори, членовите на комисијата, замениците членови и останатите заинтересирани пратеници,

– Претседателката на комисијата своеволно го толкува Деловникот на Собранието и се обиде да го фалсификува гласањето на пратениците.

Ова се факти за класичнно газење на правните норми во Република Македонија.

Затоа денес пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесува Интерпелација за работењето на Претседателот на комисијата, Олга Најденовска, со која бараме под итно да биде разрешена.

Почитувани,

Ние нема да дозволиме вакво шверцеско и насилно носење на закони ниту пак ќе му дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ да не воведе во сценарио на конфликт и физички пресметки помеѓу пратениците.

Интегрален текст

Слични содржини