Без успех помина обидот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да се надмине блокадата на Комисијата за образование, наука и спорт, која веќе неколку дена е во речиси постојано заседание, а не може да ја почне расправата по дневниот ред. Бидејќи пратениците од СДСМ не дозволуваат да им се ограничат дискусиите за точките од дневниот ред, тие постојано се јавуваат за збор за процедурални прашања и со тоа го оневозможуваат почетокот на материјалната расправа.

070FBC10FF9A0347ADC849A51C4D0D51

На денешната координација кај Вељаноски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски предложил дискусиите за првите 15 точки да не бидат ограничени, а со временска рамка да бидат само дискусиите на пратениците за последната точка, односно за предлогот за формирање на новиот универзитет „Дамјан Груев“.

„Во секој случај побаравме гаранција дека за два-три дена ќе поминат законите. Тоа не го прифати координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски. Тој, всушност, соопшти дека нивната цел е да го блокираат законот за универзитетот „Дамјан Груев“, вели Димовски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, повтори дека по ниту една цена нема, како што велат, да прифатат кршење на Деловникот. „Ние остануваме на ставот дека нема да се согласиме со ограничување на дискусиите. Сакаме да има материјална расправа за универзитетот „Дамјан Груев“, затоа и поднесовме и амандмани, но не со ограничени дискусии“, вели Сугаревски.

Слични содржини