Студентите, кои своите барања ги објавија на „Фејсбук“, бараат протестите да траат до смената на членовите на Републичката изборна комисија (РИК), поради непочитување на одлуките на Уставниот суд. Бараат и разрешување на претседателката на српскиот парламент, Маја Гојковиќ, поради блокадата на работата на Народното собрание, а бараат и смена на директорот и уредникот на информативната програма на Радио-телевизија на Србија (РТС), поради „режимско известување и нерамномерна застапеност на кандидатите“.

Студентите побараа и смена на членовите на регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) поради „нереагирање на повеќе стотиции прекршоци и пријави“. Дополнително, студентите од Нови Сад наведоа дека ако не им се исполнат барањата, ќе бараат вонредни парламентарни избори и дека ќе се протестира додека не бидат исполнети сите барања.

Неколку илјади луѓе трет ден по ред протестираа против победата на Александар Вучиќ кој победи на претседателските избори минатиот викенд.

Свиркајќи со свирчиња и извикувајќи слогани против Вучиќ демонстрантите маршираа низ Белград и други градови. Тие носеа транспаренти со слогани како “Долу диктатура“ и „ Стоп за теророт на владата“.

Се протестираво Белград, Нови Сад, Ниш, а од вчера протестите, кои се организираат преку социјалните мрежи, се проширија во уште десетина градови во Србија.