Луѓето помислиле  дека експлозијата за дел од шоуто, многу од жртвите не носеле лични документи и не можат да бидат препознаени

Експлозија и пожар во ноќен клуб во романската престолнина Букурешт за време на рок концерт по повод Ноќта на вештерките погуби 27 лица. Локалните власти соопштија дека во болница се донесени 88 повредени при експлозија во клубот  Colectiv. Според  други податоци, сепак, бројот на повредените е над 150, а се очекува бројот на загинатите да се зголеми.Според првичните информации, пожарот избувнал токму кога групата Goodbye to Gravity ја пеела  песната  за смртта со името “Денот кога ќе умреме”. Пламените лумнали откако огнометот го  запалило дрвеното  скеле и спуштениот таван. . Притоа посетителите на клубот прво помислиле дека пожарот е дел од полноќното шоу и не реагираа веднаш. Според првичните податоци во моментов на експлозијата во зградата имало 300 до 400 млади.

По експлозијата во просторијата по улиците можеа да бидат видени луѓе загрнати во спасувачки ќебиња и во состојба на конфузија. Луѓето добиле прва медицинска помош за своите изгореници и повреди директно на тротоари пред клубот. За да се справи со ситуацијата, локалните власти поставија на местото и полска болница. Откако веста за трагедијата се шири, роднини на посетителите на клубот се упатија на местото. За да стане хаосот конплетен, повеќето посетители на клубот не  носеле со себе  лични документи, па затоа некои од жртвите не можеле  да се препознаат веднаш.4484262

“Ќерка ми не крева телефон. Сакаме да дознаеме жива ли е “, вели загрижена мајка, облечена е  во црна јакна. Локалните медиуми објавија дека првите амбулантни возила пристигнаа 11 минути по поднесувањето на сигналот за пожарот во 22:32 часот по локално време. Виктор Јонеску, кој бил во клубот за време на трагедијата заедно со својата девојка, раскажа пред телевизија “Антена 3”, дека “луѓето се онесвестувале  од вдишувањето чад. Настапил тотален хаос, луѓето се соочувале, паѓале  на земјата и другите ги газеле “. Друг очевидец раскажа пред телевизијата дека пламенот ги  зафатил  посетителите, а им се запалила и  кожата и облеката .

“Ова е невидена трагедија и спасувачката акција исто така е таква”, изјави претставникот на Министерството за здравство на Романија Раед Арафат.

Министерот за внатрешни работи на Романија, Габриел Опреа свика вонредна седница на Владата, на која ќе биде разгледана ситуацијата.

Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави дека е шокиран од она што се случило во ноќното установа, каде како резултат на пожар загинаа 26 лица. “Шокиран сум и длабоко сум тажен од трагедијата што се случи  во центарот на главниот град. Ова е многу тажен момент за нашата нација “, напиша шефот на државатана својот  профил на Фејсбук.Претседателот исто така, изрази сочувство на семејствата на загинатите и повредените и увери во целосна поддршка оние “кои учествуваат во спасувањето”.4_DSC1008

Јоханис размислува да прогласи национална жалост во врска со трагедијата. Премиерот Виктор Понта ја прекина посетата на Мексико, за да се врати под  итно во Букурешт. Локалните медиуми објавија, повикувајќи се на очевидци, дека по експлозијата и пожарот во ноќниот клуб, на амбулантите не достигнуваат шишиња со кислород за повредените. Во болниците во Букурешт, каде се прифаќаат повредените од  ноќниот клуб Colectiv, не постигнуваат со нега у болнички кревети, соопштија за телевизискиот канал TVR претставници на романското Министерство за здравство. Министерството ги повика жителите на главниот град да даваат крв за настраданите. Бројот на настраданите во резултат на пожарот во ноќниот клуб Colectivу во Букурешт приближува на  200 лица. Ова го соопшти на новинарите министерот за внатрешни работи на Романија, Габриел Опреа. “Повредените се страшно многу. До  моментов е познато за 180 повредени. Тие се хоспитализирани. Загинале 26 лица “, рече Опреа. Во Букурешт е прогласен црвен код  за вонредна состојба.”Пациентите кои пристигнуваат кај нас, се во многу тешка состојба. Станува збор за луѓе меѓу 18 и 25 години. Изгорениците се  до 70-80% од телесната површина. За жал, може да се каже дека бројот на загинатите ќе се зголеми “, рекоа од општинската болница на Букурешт (Spitalul Municipal).


Слични содржини