(ВИДЕО) Вучиќ со копија на украински спот тргна во претседателската трка

од desk2

Кандидатот на претседателските избори во Србија, Александар Вучиќ тргна во изборна кампања со спот кој е инспириран од реклама за украинска политичка партија.

Од спотот е видливо дека досегашниот премиер Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ имале дијаметрално спротивни ставови во однос на иднината на Србија. Николиќ кој ќе биде противкандидат на Вучиќ е наклонет кон Русија, а веќе се појавија и првите неофицијални информации дека зад неговата кампања ќе застане Москва со 20 милиони долари.

Украинската верзија од спотот е од партијата Успешна Украина и повикува на единство на народот за да ја превземе контролата врз земјата. Спотот е изработен од агенцијата Shaviv Strategy and Campaigns, која што на својата веб страница пишува дека соработува со политички партии и лидери од повеќе земји, вклучувајќи ја и Србија./а1он

Слични содржини