Истражниот судија не се „осмели“ и не определи притвор за осум лица во случајот „Титаник“, како што бараше Специјалната јавна обвнителка. Иако се товарат за дела поврзани со изборни измами и фалсификат кои не застаруваат, за злосторничко здружување, сепак нема притвор за екс министрите Јанкулоска и Јанакиески, за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за кои и самите жители на Пустец признаваа дека тој ги организирал да доаѓаат и да гласаат во Центар за локалните избори.velija-ljube-kezo-685x259

Судството и определени судии и обвинители се споменуваа во „бомбите“ на опозицијата, како се вработуваат, унапредуваат, како од нив се бараат пресуди. Стручната јавност прашува дали ноќешната одлука за неопределување притвор, не ја наметнува потребата од формирање и на Специјален суд.

И нив и јавноста, ги потсетуваме дека мерката притвор досега беше многу лесно определувана, за многу полесни кривични дела, каде немаше опасност од бегство, повторување на делото или влијание на сведоците.

dusko-mlekarot-sud

Во 2010 беше одредена мерка притвор од 30 дена за млекрот Душко Илиевски, неговиот брат Цане и таткото Томе по поднесената кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори Битолската полиција во градината на семејството Илиевски во Градско поле пронајде 207 стебла Канабис сатива, а Илиевски тврдеше дека тоа било див коноп.

Премиерот Никола Груевски во изјава за медиуми, не почитувајќи ја презумпцијата на невиност јавно го обвини Илиевски.

https://youtu.be/uEXXnMi187I

А1Он

Слични содржини