catal

На вечерашниот  протест во Скопје,  Шарената револуција, повторно ги користи чаталите за да ја обои зградата на Владата.

Исто така, демонстрантите го испишаа бројот „3“ како знак на одбројување до рокот за исполнување на нивните барања.

„Шарена ревеолуција“ традиционално почна пред СЈО, а од таму демонстрантите се упатија пред Владата. Мотото на протестот е: “Тоа не е кривично, тоа е прекршочно дело”.

Демонстрантите носат транспаренти со ликот на Ставрески. ‪#‎Протестирам‬ денес повторно на улица! Излегуваме на протест да потсетиме на барањата кои се уште не се исполнети. Прогонот кон борките и борците за правда не запира, а и Уставен суд се’ уште не се произнесува за уставноста на Законот за СЈО. Одлучни сме и посветени да ги применуваме сите форми на протест и отпор се до исполнување на барањата и ден потоа. Денешниот протест е посветен и на борбата против хомофобичните напади и говорот на омраза кој деновиве е значително присутен и насочен кон нашите ЛГБТИ другарки и другари. Протестираме за општество во кое ваквите напади ќе бидат соодветно осудени и спроведени. Протестираме за првда и слобода! Се гледаме на улица! Ќе има правда, ќе има мир!, е пораката која беше лиферувана на социјалната мрежа како подготовка за маршот на демонстрантите

ClAb8tnWYAANpU1-1 (1) timthumb (3) 13461096_10208189343904080_1368899967_o

Од граѓанското движење за утре во 12 часот најавија блокади на три мостови – мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза.

Слични содржини