Министерот за правда Аднан Јашари во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека не верува дека има држава во светот каде што правосудните органи немаат притисоци на некој начин, но потенцира, дека немаат притисоци во ваков обем како што имаат кај нас.

AdnanJashari3

 

Во врска со уставнiте амандмани, Јашари вели дека од Ахмети и Груевски во моментот на составување на Владата е договорено да се отворат овие прашања во однос на Уставот.

„Не само евроамбасадорот Орав, туку и Венецијанската комисија и Европската комисија имаше забелешки во однос на еден таков амандман за слободни економски зони, меѓутоа во однос на еден таков амандман ние во Уставот, во предлог амандманот што е доставен до Собрание, воведовме само две одредби, едната на некој начин се повикува на можност по усвојување на уставните амандмани да може во државата да се формираат меѓународни финансиски зони, избришани се сите други ставови коишто беа во претходната фаза предложени. Целта е преку бришење пак овој амандман да го усогласиме со забелешките на Венецијанската комисија. И втор став што е предложен е можност во иднина по усвојување на уставните амандмани овие меѓународни финансиски зони да можат да се воведат со закон“, вели Јашари.

Во однос на состојбата во која 4 пратеници на ДУИ не сакаат да гласаат за предложените измени на Уставот, министерот посочува дека секој пратеник, со самиот факт што е пратеник, го има тоа дискреционо право во определени случаи. Сепак, вели, пратениците се независни на некој начин, иако имаат група, имаат координатор, во однос на гласање, одлучување за определени прашања, тие имаат дискреционо право.

Министерот не сакаше да навлегува во коментари за судски одлуки, како што е таа за новинарот Кежаровски, затоа што Министерството за правда е дел од извршната власт и не би сакал неговиот коментар на некој начин да се сфати како интервенција во една друга власт како што е судската.

Слични содржини