524
1. Морков + мед + магдонос + мајчина душица
Морковот е сладок зеленчук, па кога ќе го испечете со малку мед, магдонос и мајчина душица, ќе имате чувство дека го јадете најфиниот десерт. За добар резултат печете 40 минути на 190°С.
2. Тиква + мед + жалфија + рузмарин
Прелијте ги парчињата тиква со малку мед, додајте некој лист жалфија и гранчиња рузмарин па печете во рерна од 30 до 45 минути на 200°, додека тиквата не омекне.
3. Цвекло + оцет + мед + мајчина душица
Замотајте го цвеклото во алуминиумска фолија па печете го околу 45 минути на 200°. Одмотајте го, исчистете го и зачинете го со комбинација од оцет, мед и зачини./ Идивиди