Станува збор за бран, кој доаѓа од Египет

4906060

Имаме податоци за втор миграциски  бран ова лето. Тоа ќе биде сосема поинаку од она на што бевме сведоци во текот на првиот бран. Овој  втор бран, веќе е пред удирање и тоа се чувствува во централниот медитерански коридор. Ова предупредување го упати македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата во Министерството за внатрешни работи, на која присуствуваа и шефовите на разузнавачките и безбедносните служби. Иако добар дел на овие информации се толкуваат во правец на заплашување и креирање страв кај граѓаните  колку за нападите на опозицијата и растечкиот отпор и недоверба кон институции на Македонија, сепак истите  треба да се анализираат.

Иванов  прецизира дека станува збор за бран, кој доаѓа од Египет, каде во моментов има 5 милиони мигранти, на границите на Судан а  нивниот број на потенцијални мигранти надминува 20 милиони луѓе.Сепак никој не ја знае насоката и правецот коментираат експертите, а такви најави нема ниту од комесаријатот за бегалци.

Потсетуваме  дека минатата година преку територијата на Република Македонија поминаа над 750 000 мигранти. Сите тие доаѓаа од соседна Грција организирано до македонскиот пограничен град Гевгелија. Таму беше формиран и илегалниот камп во Идомени  На почетокот на месец март властите во Скопје  го затворија т.н.. Балкански пат и на тој начин престана преминувањето на илегалните мигранти кон земјите од Западна Европа. На почетокот на овој месец Грција беше принудена да го отстрани нелегалниот камп во Идомени, каде во текот на три месеци држеше речиси 10 000 мигранти, иако официјалното затворање на “Балканскиот пат” од Брисел  е на 7-ми март.

Слични содржини