ВМРО-ДПМНЕ ги информира своите членови и граѓаните на општина Центар, дека ставот на партијата е да не се излегува на гласање, на референдумот за ГТЦ.

Во допис, потпишан од претседателката на Општинскиот Комитет Центар, на ВМРО-ДПМНЕ, Аспазија Софијанова, инаку директор на Детската клиника, се наложува посета на сите домаќинства во општината, за да ги информираат, за партискиот став. На помош за ова доаѓаат и членови од општинските комитети, Куманово, Велес, Прилеп, Гази Баба и Бутел.

УМС Ѓорче Петров, УМС Карпош, УМС Аеродром, УМС Бутел, УМС Кисела Вода, УМС Чаир и УМС Сопиште се задолжени за вечерните активности, за отстранување на пропагандниот материјал за референдумот. За оваа цел ВМРО-ДПМНЕ подготвила и пропаганден материјал за спречување на граѓаните и намалување на излезноста на референдумот. Сите членови кои ќе забележат пропаганден материјал, треба да го известат претседателот на УМС Центар, Јордан Ристевски.

Слични содржини